Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Баерн Минхен денес обелоденија дека во клубот, во стручниот штаб пристигнува Вили Сањол.
Францускиот интернационалец кој девет години со успех го носеше дресот на „Баварците“ ќе му биде асистент на Карло Анчелоти во следните две сезони.
Сањол е миленик на фановите на Баерн Минхен, а во неговиот деветгодишен престој во Германија освои многу трофеи меѓу кои и оној од Лигата на Шампионите во 2001 година.
„Привилегија е да се биде избран од Карло Анчелоти, еден од најдобрите и најискусните тренери во светот. Со нетрпение чекам да започнам со работа тука.“- коментираше Сањол за официјалниот сајт на Баерн Минхен.
Французинот во својата тренерска кариера бил селектор на репрезентацијата на Франција до 21 година, а две години бил главен предводник на тимот на Бордо.