Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Третиот грен-слем турнир во сезоната, Вимблдон, почнува на втори јули, а организаторите соопштија кои тенисери ќе бидат носители. Иако Рафаел Надал од понеделникот е прв на АТП-листата, сепак не е прв носител.
Роџер Федерер загуби во финалето на АТП-турнирот во Хале од младиот Борна Ќориќ, а освен тоа што остана без трофеј, остана и без првото место на табелата.
Сепак, Вимблдон има поинаков систем на избор на носители, за разлика од останатите грен-слем турнири.
Вимблдон при бирањето на носителите ги смета игрите на трева, па сите кои на таа подлога биле подобри во претходните две години, имаат и дополнителен бонус на АТП бодови.
Трет носител на турнирот ќе биде Александер Зверев, четвртти е Марин Чилиќ, додека Новак Ѓоковиќ е 12. носител на турнирот.