„Федерер е најголем, очекувам возбудливо финале!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Вавринка игра финале на Мастерсот во Индијан Велс против Федерер.

3-от играч на АТП листата го очекува одлична атмосфера и спектакуларен натпревар.

„Ќе биде навистина добар натпревар. Секогаш е посебно кога играте против најдобриот играч на сите времиња.  Игравме неодамна на АО, па ќе видиме што ќе биде сега.“

Вавринка во 22-та меѓусебни дуели со Федерер, успеа да победи само 3 пати.

Победникот на турнирот ќе добие 1.175.505 долари и 1000 АТП поени додека финалистот ќе мора да се задоволи со паричен износ од 573.680 и 600 бодови за АТП листата.

Финалниот натпревар се игра од 21 часот.