Федерер, Мареј, Надал и Вавринка се номинирани за наградата „Стефан Едберг“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    АТП соопшти дека за наградата „Стефан Едберг“ се номинирани Федерер, Надал, Мареј и Вавринка.

    Наградата „Стефан Едберг“ се доделува за фер и спортско однесување, а за добитникот одлучуваат гласовите на играчите.

    Федерер досега таа награда ја освои 11 пати.

    За наградата „враќање на годината“ се номинирани Дел Потро, Мајер, Бенето и Карловиќ.

    Наградата во таа категорија се доделува на тенисерите кои успеале по тешки повреди да осигураат место меѓу најдобрите.

    Најголем фаворит за таа награда е Дел Потро, кој доколку го освои ова ќе стане 3-от играч кој го освојувал 2 пати. Де Потро таа награда ја доби во 2011 година кога прв пат успешно се врати во тенисот по 1-годишна пауза.

    За награда „Играч кој најмногу напредувал“ конкурираат Зверев, Тим, Пуј и Еванс.

    Играчите ќе бираат и најдобри турнири по категории додека за најдобар играч, најдобар дабл и наградата „ѕвезда во подем“(најмлад играч во топ 100) ќе одлучува АТП листата на крајот на сезоната.

    Од оваа година постои и награда „тренер на годината“, а за добитникот ќе одлучуваат тренерите.

    Навивачите повторно ќе имаат шанса да го одберам омилениот тенисер и омилениот дабл, а гласањето на сајтот на АТП ќе трае до 7-ми ноември.