Федерер: Сега се бркаат многу повеќе рекорди, отколку во минатото!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се сомнева во можноста дека еден тенисер може да биде најдобар на сите времиња бидејќи различни генерации играле под различни услови.

Во моментов нема дилеми за тоа кој е најдобар – тоа е Федерер, поради тоа што има најмногу гренслем титули (20) и поминал најмногу време на првата позиција на АТП-листата (310 недели).

„Тоа е голема дилема, зашто всушност нема никогаш да имаме одговор. По преминувањето од аматерски на професионален тенис гренслемовите станаа многу поважни. Повеќе играчи одат на сите четири големи турнири. Многу од тоа се смени во последните 25 години. Претходно листата беше направена поинаку. Сега е потребно да бидете пријавени на сите турнири. Денеска повеќе бркаме рекорди, отколку што тоа се правеше во минатото“, вели Федерер.