Фетел се спаси за „влакно“!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фетел сепак нема да добие казна поради непримерно однесување на трката во Мексико.

    ФИА соопшти дека возачот на Ферари нема да добие казна поради големиот број пцовки испратени на сметка на Макс Ферстапен.

    ФИА додава дека во предвид го земала и писмото со извинување, кое Фетел го испратил до директорот на ФИА.

    Возачот на Ред Бул во борбата за позиција со Фетел излета од патеката, премина преку зелената површина и се врати на патеката пред Германецот.

    Ферстапен во тој момент требаше да го остави Фетел да дојде до предност, меѓутоа тој не го направи тоа.

    На крајот ја заврши трката на 3-то место, но по казната од 5 секунди, тој падна на 5-та позиција. Сепак, ситуацијата дополнително се искомплицира откако Фетел беше казнет со 10 секунди поради опасно возење, па во генералниот пласман Ферстапен беше 4-ти, а Фетел на 5-то место.