Филип Гачевски „удри“ по селекторот Ангеловски: Докажете ја својата машкост (Фото)


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Првиот голман на Вардар и повремен македонски репрезентативец, Филип Гачевски жестоко удри по селекторот Игор Ангеловски.

Гачевски со долг текст на својот фејсбук профил го повика Ангеловски да одговори зошто тој не е повикан во репрезентацијата веќе долго време.

На списокот од 18 фудбалери кои ги повика Ангеловски се најдоа двајца голмани и тоа Столе Димитриевски од Гимнастик како и Давид Митов Нилсон од Норчепингк.

Фејсбук излагањето на Филип Гачевски ви го пренесуваме во целост:

„Сон на секој фудбалер е да игра за репрезентативниот дрес. Јас бев во репрезентацијата и верувам во оваа генерација, сигурен сум дека ќе успеат. Но, за жал имаме селектор кој изигрува дека е најдобар, а луѓето не знаат каков човек е. Да, имаме добри резултати, ама сигурен сум дека не е поради него, туку затоа што имаме топ генерација.

Јас се одлучив да го напишам овој статус затоа што година и половина трпам затоа што не можам да влезам во репрезентацијата. Затоа денеска ќе кажам што ме мачи.

Знам дека направив грешка… Игор Ангеловски, дали вие знаете дека во таа местенка што ми ја подготвивте не бев сам? Тие и ден денес играат за репрезентацијата, а јас не сум ни блиску до неа. Селекторе, ако веќе се правите селектор, барем имајте малку машкост и јавете ми се лично и кажете дека не сакате да сум во репрезентација, а не да дознавам преку други. Јавно ме навредувавте во репрезентацијата, пред сите! Добро, битно ви  е да ставате слики на Фејсбук или Инстаграм, барем таму сте главни.

Голема срамота е тоа што правите шеми во репрезентацијата, но Господ е голем. Сите репрезентации во светот имаат 22 или 23 фудбалери, само вие сте специјалист за 18 фудбалери. Ама за жал, тука се е можно. Голем специјалист си за играчи што не играат за клубовите или не се ниту меѓу повиканите 18, а ти ги земаш. Па нормално, вашите лични интереси се во игра!!!

За себе можам да кажам дека секогаш играв со срце, така и ке остане. Преку 90 натпревари за најголемиот клуб во Македонија, исторкиски пласман во Лига на Европа, ама повикот никако да се добие.

Го паметам натпреварот со Фенербахче и Вие бевте таму Игор Ангеловски, жал ми е што треба толку често да го споменувам тоа презиме, ама да знаете дека сте смешни и баш ме интересира што ке правите кога веќе нема да бидете селектор…Кога сите ваши дела ќе излезат на површина…

Не се предавам и нема да дозволам да се откажам од репрезентацијата, нема да ви успее! ЗА жал другите се откажаа, тука ви успеа, но со мене нема да ви успее! И на крај едно прашање: По кој критериум повикуваш голмани кои не бранат во своите клубови или не се ниту на клупа за резервни фудбалери? Сепак, ова е репрезентација на една држава, а не ваш приватен клуб? “- напиша Гачевски.