Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оние фанови кои површно го пратат Евробаскетот, одличните резултати на Финска им се изненадување, за многу други фанови тоа е право уживање, бидејќи Финците во првото коло ја поразија Франција, потоа драматично изгубија од Словенија, а синоќа се поиграа со некогашната кошаркарска велесила Грција.
Во последните шест години оваа скандинавска земја многу пари и труд вложи во кошарката, а на овогодинешниот евробаскет играат доста привлечно со многу шутеви за три поени и брза ротација на топката во нападот.
Финците немаат долга клупа и тоа може да биде хендикеп во понатамошните натпревари, кога ќе се сретнат со многу подобрите репрезентации, но имаат неколку фантастични играчи во имињата на Копонен, Вилсон и Марканен.
Лари Марканен е 20 годиен кошаркар кој игра за Чикаго Булс и досега е прво има на Евробаскетот.
Иако овој дечко има само 20 години тој потсеќа на Дирк Новицки. Со помош на Џамар Вилсон тие двајца ја срушија Франција, а она што им го направи на Полјаците уште долго ќе се памети.