Формула 1 останува пократка за една трка: Сингапур се откажува од најбрзиот циркус во светот?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Првиот човек на Ф1, Берни Еклстон изјави дека Сингапур сака да се откаже од трката по наредната сезона, кога им завршува договорот.

    Иднината на тој спорт во Азија е неизвесна, бидејќи и Малезија разгледува да се повлече од календарот по 2018-та година поради се помалиот интерес за Ф1.

    Доколку се случи тоа, тој дел од светот би останал без трка, прв пат од 1999 година, кога „Сепанг“ прв пат ја пречека Ф1.

    Одржувањето на трката за ГН на Сингапур чини 100 милиони евра секоја година, а 60% финансира владата. Прв пат беше оддржана во 2008 година, а сегашниот договор е потпишан во 2012 година на 5 сезони, а изгледа дека преговорите не одат како што треба за продолжување на договорот.

    „Погледнете што направивме за Сингапур. Да, трката го чини многу Сингапур, но благодарение на нас заработија многу. Сингапур не е само аеродром на кој стигнувате и одите понатаму. Сега мислите дека сте ја постигнале својата цел и повеќе не ја сакате трката.“

    Организаторите на ГН Сингапур не сакаа да ја коментираат оваа изјава на Еклстон.

    Екслтон е познат по своите изјави во медиумите во време на преговори околу оддржување на трката. Оваа година не присуствуваше на трката во Сингапур поради преговорите за превземање на спортот од страна на Либерти медиумите.

    ГН Сингапур беше прва ноќна трка во календарот во Ф1. Меѓутоа, интересот за неа е намален, бидејќи на првата трка присуствуваа 100.000 луѓе, а оваа сезона тој број се намали на 73.000.