(Фото) ОФИЦИЈАЛНО: Барселона има нов спонзор


    Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


    Барселона денеска официјално објави дека потпиша договор со јапонската фирма „Ракутен“.

    Каталонскиот клуб денеска потврди дека потпиша договор со јапонската фирма „Ракутен“ кој ќе стапи на сила од следната сезона. Ова значи дека играчите на Барселона на дресовите од следната сезона нема да го носат натписот „Катар ервејст“.

    „Ракутен“ е една од водечките компании во областа на комуникацијата, e-трговијата и дигиталните содржини. Нивното лого ќе биде на дресовите на Барселона четири сезони почнувајќи од следната сезона. Барселона од овој договор ќе заработи неверојатни 237 милиони евра. Така, Каталонците по сезоната ќе добијат 59,25 милиони евра.