(Фото) Сити ќе му понуди неверојатна плата на Меси и сума од која што боли глава на Барселона за Аргентинецот


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси на почетокот на неделата предизвика голема бура на коментари, бидејќи одлучи да го одбие новиот договор во Барселона.

    Шпанските медиуми на почетокот на оваа недела објавија дека Меси одбил да го потпише новиот договор со Барселона, и дека ова лето ќе го напушти каталонскиот тим. Иако управата на Барселона тоа веднаш го демантираше, поради овие тврдења во медиумите се појави вест дека Манчестер Сити подготвил неверојатна понуда за Аргентинецот.

    Како што тврди англискиот „Mirror“, управата на клубот од „Етихад“ е подготвена да исрпати неверојатни 200 милиони фунти за најдобриот играч на светот. Според истиот извор, Сити сака овој трансфер да го реализира следното лето, а Меси во новиот клуб би заработувал 500,000 фунти неделно.

    Манчестер Сити е подготвен да направи се само да го донесе Меси на „Етихад“, а во корист на овој клуб оди фактот дека Пеп Гвардиола има одлични односи со Меси. Актуелниот договор на аргентинскиот играч со Барселона истекува во летото 2018. година.