Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус синоќа во Торино славеше во дербито од 11. коло во Серија А против екипата на Наполи со 2:1.
Актуелниот шампион на Италија успеа да дојде до нова победа, а херојот беше Гонзало Игуаин кој го постигна одлучувачкиот гол. Познато е дека „Старата дама“ синоќа беше без Паоло Диабала кој поради повреда не конкурираше за натпреварот.
Сепак, аргентинскиот напаѓач од трибините ги бодреше своите соиграчи, а исто така, учествуваше и во кореографијата на домашните навивачи. Овој потег на Диабала ги воодушеви сите фанови на Јувентус.