Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот капитен Лионел Меси е без поддршка на семејството во Русија, а медиумите објавија дека Аргентинецот и неговата сопруга Антонела имаат семејни проблеми.
Аргентина игра очајно на Мундијалот, а лесно може да се случи да не ја поминат групната фаза, а како главен виновник беше посочена неговата сопруга, но очигледно не е така.
Медиумите во Аргентина објавија дека постојат проблеми во нивниот брак и дека тоа е една од причините поради која нема поддршка од сопругата, но таа ги прекина шпекулациите со фотографија за неговиот роденден.
„Секогаш заедно и со тебе повеќе од било кога. Среќен роденден љубов моја. Те сакам премногу! Ти благодарам што ме направи најсреќна жена во светот“, напиша таа.