Француски клуб му нуди спас на Симон Мињоле


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Францускиот прволигаш Ница се заинтересирани во своите редови да го донесат голманот на Ливерпул Симон Мињоле.

Патрик. Виера сака во јануарскиот трансфер период да ја засили голманската позиција во францускиот прволигаш кој не игра баш најдобро на почетокот на оваа сезона.

Белгискиот голман е веќе шест сезони на „Енфилд“, но стартното место во Ливерпул најпрво му беше одземено со доаѓањето на Кариус, а откако германскиот голман си замина, пристигна Алисон Бекер и беше јасно дека својата шанса голманот треба да ја бара надвор од „Енфилд“.

Како што пишуваат британските медиуми тренерот на Ница, Патрик Виера сака да ја зголеми конкуренцијата на голот, па овој клуб е подготвен и официјално да прати понуда до англискиот премиерлигаш.

Договорот со Ливерпул на Мињоле му истекува за две и пол години, па со сигурност Ливерпул нема да го продаде, се додека не најде замена на неговата позиција.