Фуриозна Данска, очајна Франција: Скандинавците први финалисти на ракометниот Мундијал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометниот свет ќе добие нов шампион откако селекцијата на Данска ја декласираше Франција со неверојатни и високи 38:30.

Селекцијата на Франција беше буквално изгубена од првиот судиски свиреж, па се до звукот на сирената. Французите не го искористија своето најдобро оружје, одбраната, па беа „изрешетани“ од Данска која постигнуваше погодоци од сите позиции.

На полувреме Данците заминаа со предност од 21:15, а во вториот дел се одлепија и на двоцифрена разлика.

На крајот најдобар поединец на средбата беше Микел Хансен кој натпреварот го заврши со 12 погодоци, додека на пет гола застанаа Олсен, Захариесен и Лауге.

Кај Франција најдобар поединец на средбата беше Мае со осум погодоци, додека Ричардсон зад своето име запиша шест гола.