Хесе ги разочара сите: Ги напушти сопругата и болниот син!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Хесе Родригез повторно се најде во центар на внимание откако потврди дека повеќе не е во врска со Аура Руиз, а неговата поранешна девојка веднаш му го врати ударот преку социјалните мрежи.

Хесе и Аура поминуваат тежок период веќе со месеци откако се роди нивниот син, кој има проблеми со срцето. Аура го обвини и претходно Хесе дека не посветувал доволно внимание на болниот син и дека секои два месеци доаѓа да го посети.

Поранешниот играч на Реал Мадрид се огласи пред неколку денови на Твитер, но неговата девојка го врати ударот и тоа многу жестоко.

„Не барај од луѓето да ме почитуваат мене и твојот син кога ти си првата личност, која не покажа почит. Најлесно е да не напуштиш затоа што тебе ти е тешко да си со нас. Сакам да те потсетам дека не внимаваш на својот син колку што заслужил“, вели Аура.