До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Одлични мечеви во Бундеслигата, Баерн запиша нова победа!
Баерн и Хамбургер одиграа еден многу тврд натпреваер, иако сите очекуваа победа на Баерн, кој беше фаворит поради слабата форма на домаќините.
Хамбургер денеска играше далеку подобро отколку во претходните дуели што се однесува до дефанзивата, ги затворија главните играчи на Баерн кои не создадоа премногу шанси, но ни тоа не вредеше бидејќи Кимих успеа да го совлада Адлер во последнините минути од мечот.
Почна со одличната шанса на Бахуи, а на другата страна Левандовски имаше еден удар со глава, топката тогаш заврши преку пречката.
До крајот на полувремето уште една шанса за Баерн, Кман испрати удар кон голот на Адлер, но топката удри во надворешниот дел од мрежата.
Во второто полувреме Баерн напаѓа, Рибери и Левандовски беа се поопасни, но гол немаше се до самиот крај. Рене Адлер стана до крајот вистински јунак на натпреварот, одбрани неколку тешки шутеви, посебно се мислеше на ударите на Милер и Левандовски.
Сепак, дојде таа 88 минута, Алкантара испрати фантастична топка, Рибери додаде до Кимих кој постигна гол во 88 минута за победа на Баерн!
Во мечот Мехенгладбах и Инголштат домаќинот беше подобар ривал и на крајот однесе сосема заслужена победа. Првиот гол на мечот го постигна Штиндл кој во 42 минута натрча на одбиената топка и ја пласираше во празната мрежа.
Во продолжението Виндт го постави конечниот резултат од 2:0.
Аугсбург со совлада Дармштат со голот на Фунбогасон во 47 минута после после одличен центаршут на Чеол.
Наинтересен меч го одиграа Франкфурт и Херта, а мечот е завршен со нерешен резултат. Ибишевиќ ја доведе Херта во предност со гол од пенал, а резултатот го свртија Хабијан и Мејер.
Сепакм во продолжението Ибишевиќ и Исвајн успеваат на Херта да направат нова предност, но Хектор во последната минута постигна гол за израмнување.
Мајнц и Леверкузен истотака одиграа еден меч со доста голови, на крајот беше 2:3.
Мали го доведе Мајнц во предност во 31 минута, а Чичарито израмни само минута подоцна.
Во 35 минута Бел успева да донесе нова предност на домаќините, но таа предност траеше само до 66 минута кога Чичарито повторно ја тресе мрежата на домаќините и донесе израмнување.
На крајот, вистинска драма, Чичарито успева да постигне уште еден гол и со хет-трик да донесе три бода на својот тим.















