Хонда прослави 50 години меѓу најдобрите!


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Хонда прослави 50 годишнина од влегувањето во премиер класата на светското Гранд При, а за овој јубилеј беа изложени мотори заедно со Маркез и Педроса.

    Хонда во светското Гранд При е од 1959 година, во 125 к класата, а првата победа ја постигнаа 2 години подоцна во која освоија и прва шампионска титула. Во 1966 година, Хонда се натпреваруваше во премиер класата која тогаш беше 500 к.

    Заедно со 14 трки оваа сезона, Хонда има 277 победи во кралската класа и 38 шампионски титули меѓу возачи и конструктори.