Хопман куп: Сад подобар од Чешка на стартот


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Тениската репрезентацијата на САД ја победи Чешка во првиот натпревар на Хопман купот во Австралија.

Победата на Американците им ја донесоа Коко Вандевејг и Џек Сок.

Вандевејг на почетокот беше подобра од Храдечка со 6:4 и 6:2, а потоа Сок победи против Павлишек со 7:5, 3:6 и 6:3.

Во натпревар во мешани двојки, Американците успеаа да победат со 2:4, 4:2 и 4:1.

Храдечка во тимот на Чешка ја замени Петра Квитова, која пред 10 дена доби тешка повреда кога крадец и влезе во домот.