Хоуп Соло го обвини Блатер за сексуално злоставување


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Една од најдобрите голманки во историјата на женскиот фудбал, Хоуп Соло го обвини некогашниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер за сексуално малтретирање.

Соло во интервју за португалскиот медиум „Експресо“ истакна дека инцидентот се случил веднаш по церемонијата за доделување на Златната топка во 2013 година.

„Сеп Блатер тогаш ме фати за задникот. Бев нервозна поради доделувањето на наградите. Требаше да ја добијам Златната топка. После тоа не го видов и беше делумно лошо. Не можев да му кажам директно да не ме допре повеќе. Отсекогаш директно сум ги решавала своите проблеми“- коментираше Соло.

81 годишниот Блатер негираше дека се случил инцидентот, а неговиот портпарол во изјава за ББС истакна дека оптужувањата се бесмислени.