Хрватот на прагот на трансфер во Севиља, но кои се условите на Наполи?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец наскоро би можел да ја промени средината.

Наполи потврди, прифатена е понудата за Хрватот.

„Марко Рог е слободен да замине во Севиља. Преговараме со него и мислиме дека тоа би била добра опција. Сепак, не можеме да го продадеме“, истакнаа од Наполи.

„Може да мине неколку месеци во Севиља, а потоа да ни се врати. Не сакаме да ја прифатиме понудата која ќе има опција за откуп“, истакнуваат од италијанскиот гигант.

Марко Рог пристигна во Наполи во 2016. година, но не доби премногу шанса за игра.

Така што, сега е на прагот на Севиља, а дали во Андалузија ќе ги прифатат условите на Наполи, останува да видиме.