Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матс Хумелс откри дека во 2014. година бил премногу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.
„Да бев премногу блиску. Имаше неколку преговори. Всушност, имав понуди од Англија и еден од трите најголеми шпански клуба. Шпанската понуда не беше нешто посебно, а и не ме привлекуваше. Меѓутоа, Луи Ван Гал ме сакаше и бевме многу блиску до реализирање на трансферот“, изјави Хумелс.
„Следниот месец ќе наполнам 28 години и ќе биде многу тешко да заиграм во Англија бидејќи во Баерн имам договор на пет години“, додаде Хумелс.
Хумелс се одлучи да оди по стапките на неговите поранешни колеги, Роберт Левандовски и Мари Геце и направи трансфер во лутиот ривал на Борусија Дортмунд, Баерн Минхен.