Целосен ремонт во Челси: Сари доби 170 милиони евра за трансфери


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Додека се чека Маурицио Сари да го преземе тренерското место во Челси, во моментов се прави листата со потенцијални засилувања.

Сари би требало да добие 170 милиони евра за нови засилувања, а најпрво ќе треба да формира стоперски тандем, а како нови играчи на „сините“ се споменуват Даниеле Ругани од Јувентус за 35 милиони евра, како и Костас Манолас од Рома за 38 милиони евра.

Една од желбите на, најверојатно, новиот тренер е Дрис Мертенс, но не е познато колку пари ќе биде подготвен да понуди за неговиот потпис.

Во планот на Сари е и Уругваецот Весино, кој би пристиганл како замена за Ѕапакоста, а се шпекулира дека Челси летово ќе добие и нов голман, откако претходно Тибо Куртоа одби да го продолжи договорот.

Едно е сигурно, а тоа е дека Џанфранко Ѕола ќе биде технички директор, а кога ќе седне Сари на клупата и кој ќе биде негов помошник допрва треба да се дознае.