Цифри од кои боли глава: Ферари и понатаму е прв!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Иако сезоната во Ф1 сеуште не е завршена, поточно останаа уште 4 трки, во јавноста се појавија податоци за тоа кој колку заработува.

    Ф1 заработува пари од трошоците за одржување на трките, медиумски права и други спонзорски договори, а во 2015-та година вкупно заработила 965 милиони долари.

    Најмногу пари, иако не доминира во Ф1, заработи Ферари, поточно 192 милиони долари.

    Зад нив е Мерцедес со 171 милиони, трет е Ред Бул со 144 милиони, а 4-ти е Вилијамс со 87 милиони.

    На 5-то место се наоѓа Мекларен со 82, Форс Индија заработиле 67 милиони, Рено/Лотус заработи 64 милиони, Торо Росо 57, Заубер 54, а на последното 10-то место е Манор со „само“ 47 милиони долари.