Челси испрати понуда за Окслејд Чемберлејн

Од редовите на Челси испратија понуда во висина од 35 милиони фунти за услугите на играчот на Арсенал, Алекс Окслејд Чемберлејн.

Договорот на 23 годишниот играч истекува следната сезона, а според медиумите во Англија за крилниот фудбалер бил подготвен нов подобар договор од редовите на Арсенал.

Сепак голема е веројатноста фудбалерот да го напушти „Емирејтс“ ова лето.

Челси е главен фаворит за потписот на Чемберлејн, но ситуацијата со репрезентативецот на Англија ја следи и Ливерпул кој исто така сака да го ангажира поранешниот играч на Саутемптон.