Челси на зима доведува одлично засилување и тоа за ситница?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Белгиецот експлодираше во оваа сезона и лесно може да врати во Лондон веќе во јануари.

    Еден Азар е повторно во слаба форма, но затоа неговиот брат Торган игра многу добро во Гладбах.

    Постигна и погодок против Барселона во натпреварот од второто коло од ЛШ, а тоа му е воедно четврт гол во новата сезона.

    Се очекува да биде повикан и во репрезентацијата на Белгтија, како замена за повредениот Кевин Де Брујн, а сега медиумите сугерираат дека може да се врати во редовите на Челси.

    Тој меѓу Сините веќе беше во периодот од 2012 до 2015 година, но не одигра ниту еден официјален меч за тимот од Стенфорд Бриџ, а две сезони помина и на позајмица во Зулте Варегем и Гладбах.

    Во редовите на бундеслигашот на крајот и остана, го пушти Челси за 5.9 милиони фунти, но лукавите Сини вградиле клаузула во целиот трансфер, по која младиот Аар кога ќе посакаат може да го вратат во Лондон.

    Клаузулата имено изнесува “безвредни“ 13 милиони фунти, но постои една работа поради што Челси ќе мораат брзо да реагираат. Имено, таа опција на Сините ќе им биде на располагање само до 31 декември 2016 година, а веќе од јануари Борусија ќе може да ја одбие секоја нивна понуда ако сака.

    Значи, доколку Конте смета дека Торган може да биде од помош, Челси до последниот ден во годината ќе мора да испраќа понуди на адреса на Борусија од Мехенгладбах, а делува дека тандемот Торган – Еден може да биде добитна комбинација за тимот од Стенфорд Бриџ.