Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси одлично ја почна сезоната во Премиерлигата, па сега се наоѓа на врвот заедно со Манчестер сити и Тотнем, а тренерот Маурицио Сари сака нови засилувања во јануари.
Еден од играчите кој е желба на Сари е Даниеле Ругани, за кого покажа голем интерес и летоска, но не успеа да го ангажира.
Агентот на Ругани призна дека постои интерес од Челси, но играчот решил да остане во клубот во текот на летото.
„Челси се обиде на сите начини да го убеди, но играчот никогаш не побара да замине. Сепак, тој има договор до 2021. година, но нема да чекаме предолго за нов договор“, кажа неговиот агент.
Англиските медиуми пишуваат дека Челси дефинитивно ќе тргне по неговиот потпис во јануари, а останува да видиме дали „старата дама“ ќе сака да го продаде.