Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден Азар како што се наведува одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера, наскоро би требало својата одлука и да им ја соопшти на челниците на Челси.
Се шпекулира дека Белгиецот пресекол да го напушти „Стемфорд Бриџ“, сака да се обиде во дресот на мадридски Реал, што му е детски сон, а желбата е двонасочна.
Денес се појавија информации дека Челси следното лето ќе бара и преку 100 милиони евра за Азар, иако по завршувањето на сезоната ќе влезе во последните 12 месеци од договорот со клубот.
„Плавите“ го доведоа Кристијан Пулишиќ, репрезентативецот на САД ќе пристигне во Лондон следното лето.
Сепак, тој е планиран за позицијата десно крило, па идејата беше да игра со Азар во тандем по крилата, па Челси оттаму ќе мора да бара замена за Белгиецот.
Како што пренесуваат англиските медиуми, таа замена би можела да биде Филипе Кутињп.
Бразилецот е на удар на „Камп Ноу“, нуди слаби партии и не ја оправдува довербата која управата на Барселона му ја укажа.
Ливерпул како што се наведува не е заинтересиран за враќање на Бразилецот во своите редвои, останува да се види дали Челси може да го финансира.
Барселона сепак тврди дека нема да го продадат Кутињо, но самиот фудбалер остана мистериозен по прашање за својата иднина во Каталонија.