„Чест ми е да се израмнам со Прост“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон по победата на ГН за Мексико изјави дека не можел да верува дека се израмнил со Алан Прост.

    Хамилтон и Прост сега заедно се на 2-то место на листата на победници на сите времиња со по 51 победа, а пред нив е само Михаел Шумахер, кој во текот на кариерата 91 пат се најде на врвот.

    „Се се случи многу брзо, па затоа не изгледа вистински. Многу е чудно бидејќи пораснав гледајќи ги Прост и Сена во Мекларен и се надевав дека и јас еден дека ќе возам во Ф1.“

    Прост не остана должен на тоа, па на Твитер напиша:

    „51 и тоа не е крајот. Заслужено!“

    За Хамилтон победата во Мексико ќе биде 30-та од доаѓањето во Мерцедес во 2013 година, по 6 сезони во Мекларен. Благодарение на оваа победа, на 2 трки пред крајот тој има 19 поени помалку од Нико Розберг во битка за титулата.

    „Се обидувам да се вратам во игра. Чувствувам дека е доцна, но во минатото се покажа дека никогаш не е доцна и затоа морам да продолжам да работам.“

    Наредната трка во Ф1 се вози за ГН на Бразил на 13 ноември.