До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Пред 20 години англиската Премиер лига беше со години позади шпанската Примера и италијанската Серија А, а се се промени со доаѓањето на еден човек.
Тој човек, популарниот “Професор“, ги научи англиските навивачи и јавноста дека за успех во фудбалот не се потребни играчи со беспрекорни физички предиспозиции, тику најбитното вештини.
Досега веројатно погодувате дека се работи за Арсен Венгер кој на 1 октомври 1996 година го презеде Арсенал и така засекогаш го промени англискиот фудбал.
Харизматичкиот Французин на клупата на лондонскиот клуб освои три шампионски трофеи и по шест ФА Купови и Комјунити Шилд.
Посебно беше впечатлива 2003/04 кога Топџиите ја завршијата сезоната без ниту еден пораз со 26 победи и 12 реми. И за се ова главен „виновник“ е Венгер кој иако долго време не освои титула шампион, сега веќе 12 години, сепак се смета како најголем менаџер во историјата на Арсенал.
А што промени Венгер?
Прво, инсистираше, како Пеп Гвардиола денеска, на вешти играчи кои сакааат да ја имаат топката меѓу нозете. Истотака, воведе нов начин на исхрана, ги исфрли чипсот и хамбургерите, а воведе многу здрава риба, пилешко и пире од компири. Секоја година тимот го градеше на филозофија на развој на млади играчи од која донекаде се откажа под притисок на јавноста и навивачите кои сакаат трофеи.
И на крајот, пред Венгер во Премиер лигата само еден менаџер беше странец и тоа Руд Гулит.
После Венгер тешко е да се најде англиски тим со домашен стратег, а моментално во англиското првенство од 20 менаџери 13 се странци.
Што во светот се случуваше кога Венгер стана менанџер на Арсенал:
Манчестер Јунајтед освои 10 титули шампион на Англија
Најдобриот стрелец во Премиер лигата Алан Ширер потпиша за Њукасл за тогаш рекордни 15 милиони фунти.
Денеска менаџерот на Јунајтед Жозе Мурињо стана асистент на Боби Робсон во Барселона.
Германија го освои ЕП во Англија.
Бразилецот Роналдо со 20 години стана и остана најмлад освојувач на титулатља ФИФА најдобар играч на светот.
Јувентус го победи Ајакс за титулата шампион на Лигата на шампионите.
Дејвид Бекам сеуште не ја запозна Викторија.
Донован Бејли го држеше рекордот на 100 метри (9.84 секунди). Макјл Џонсон постави рекорд на ОИ во Атланта на 200 метри (19.32 секунди).
Се разведоа принцот Чарлс и принцезата Дијана.
Првата книга на магионичарот Хари Потер беше во развој.
Во Јапонија е лансиран ДВД.
Успешно е клонирата овцата Доли.















