Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот 19-годишен Килијан Мбапе уште сега е голема ѕвезда и еден од најдобрите игрчаи во светот.
Мбапе сезонава одигра седум натпревари во дресот на ПСЖ и постигна 10 голови и четири асистенции.
Французинот поради одличните настапи се најде во конкуренција за најдобар светски играч до 21 година во изборот на „Франс фудбал“, но и помеѓу 30 кандидати за „Златна топка“.
Сулејман Камара, поранешниот шеф за ангажирање играчи во Монако смета дека Мбапе ја заслужува наградата.
„Ако бидеме реални, би му ја дал Златната топка уште сезонава, без сомнеж“, кажа Камара.
? We have our 30 nominees for the 2018 Ballon d’Or France Football! #ballondor pic.twitter.com/M01sH5gspj
— #ballondor (@francefootball) October 8, 2018