Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атланта јунајтед ја освои МЛС-лигата, па има сериозен проект и за иднината, па така ќе се обиде да привлече голем број фудбалери, а веќе имаат еден фантастичен фудбалер.
Станува збор за човекот кој го реши финалето во Копа Либертадорес, Гонзало Пити Мартинез, кој гопостигна третиот гол во реваншот меѓу Бока јуниорс и Ривер плејт на „Сантијаго бернабеу“ во Мадрид.
Познати се квалитетите на талентираниот фудбалер, а агентот на новиот тренер на Атланта вели дека Мартинез имал понуди од шпанските клубови, Барселона и Реал Мадрид.
Мартинез ги одбил двете понуди поради одличниот проект на Атланта и поради фактот дека неговите советници препознале голем потенцијал во МЛС-лигата.
Инаку, Мартинез е платен 15 милиони евра од страна на американскиот клуб, кој има амбиција да ја одбрани титулата во МЛС-лигата.