Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Иако навикнавме на супер богати трансфери од Европа во Кина, од Барселона денес ни стигна доста интересна трансфер сторија.
Имено, Еспањол го договорил најдобриот стрелец во Кинеската супер Лига, Ву Леи кој постигна 27 погодоци сезоната што измина.
Новиот фудбалер на Еспањол ќе го носи дресот со број 24 и би требало да претставува големо засилување во обидот клубот да избегне испаѓање во втората по ранг лига во Шпанија.
Се уште не е позната висината на оштетата што Еспањол му ја плати на досегашниот клуб на Ву Леи, Шангај СИПГ.