Шок за Арсенал: Еден од најдобрите играчи на клубот ќе отсуствува подолг период


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Арсенал во следниот период ќе остане без услугите на ерменскиот репрезентативец Хенрик Микитаријан.

Играчот кој одигра доста солидно на последните натпревари во дресот на Арсенал се повреди на натпреварот против Тотенхем и по деталните испитувања потврдено е дека ќе отсуствува во следните шест недели.

Тоа значи дека Арсенал ќе остане без неговите услуги во доста клучен период од сезоната кога има набиен распоред.