Шок за Јувентус: Дибала не може да вети дека ќе остане


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пауло Дибала признава дека не може да вети дека ќе остане во Јувентус и во иднина откако беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед.

Аргентинскиот интернационалец е најдобар играч на Јувентус и со сигурност еден од најдобрите во светот, па затоа неговите настапи го привлекоа вниманието на бројни големи клубови како Барселона и Манчестер Јунајтед.

Шпекулациите велат дека Мурињо подготвува понуда од 155 милиони фунти за 24 годишниот фудбалер следното лето, а „масло на огнот“ фрли самиот Дибала кој истакна дека не може да вети дека ќе остане во Торино и дека многу му недостасува Погба, кој во моментов е член на Манчестер Јунајтед.

„Не можам да ветам дека ќе останам во Јувентус засекогаш. Тоа не зависи од мене, но јас не сакам ни да кажам дека ова ќе биде последна сезона за мене овде. Фудбалот е чуден, не можеш да знаеш што ќе ти се случи во иднина“-коментираше Дибала, а пренесе „Франс Фудбал“.

Дибала исто така изјави дека бил погоден од одлуката на Јувентус да го продаде Пол Погба во Манчестер Јунајтед. И покрај тоа и двајцата останале во контакт, а Дибала изјави дека би сакал во иднина повторно да соработува со Французинот.

„Заминувањето на Погба беше тежок удар за мене. Тој ми е пријател, ние сме многу добри другари и надвор од терените“- заврши Дибала.