Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Јувентус синоќа со 3-0 го совлада Атлетико Мадрид и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампиони, а до триумф ги предводеше Кристијано Роналдо со хет-трик.
Мечот беше решен неколку минути пред крајот, откако судијата досуди пенал, кога Федерико Бернардески беше фаулиран во казнениот простор.
Фудбалерите на Атлетико не протестираа за пеналот, но поранешниот судија, Андујар Оливер во коментар за „Марка“ кажа дека пенал не постоел, зашто интензитетот на контактот не бил доволен.
„Кореа го допре Бернардески, но тоа не беше доволно за да се досуди пенал“, смета Оливер.
„Старата дама“ навистина одигра одличен меч, за разлика од првиот дуел во Мадрид, каде што на „Ванда Метрополитано“ играше навистина очајно, па го заслужија пласманот во следното коло.
Роналдо се израмни по бројот на хет-трикови во Лигата на шампиони, а исто така Португалецот го постигна својот 25. гол против Атлетико во кариерата, па сега ќе има шанса да го однесе Јувентус до трофејот во елитното европско натпреварување.
No me sorprende Andújar Oliver y su buen criterio arbitral ?? pic.twitter.com/PpM0XnnU4Z
— Nasser Al-Khelaïfi (@canduas16) March 12, 2019