Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шефот на стручниот штаб на прилепска Победа, Зоран Штерјовски истакна дека е задоволен од подготовките кои тимот ги одработи во Банско.
„Подготовките поминаа одлично. Се сработи се она што имавме планирано со исклучок на еден неодигран натпревар, оној со Монтана. Можеби ни недостасуваа поквалитетни противници во контролните натпревари, со исклучок на оној со Академија Пандев, но секако дека и овие третолигашки бугарски тимови покажаа цврстина. Делуваа дефанзивно со организирана одбрана при што ние на некој начин имавме можност да организираме стрпливи напади. Имавме голем процент на посед на топка, создававме голем број на шанси но реализацијата на тие шанси беше слаба. Во секој случај сметам дека имаме голем напредок во нашата игра и во оваа трета финална фаза до почетокот на првенството ќе треба да обрнеме посебно внимание токму на таа реализација преку брза игра, со што според мене подготвени ќе го дочекаме првенството од секој аспект“ -коментираше Штерјовски.
Тренерот на прилепчани истакна дека клубот ќе одигра уште неколку пријателски средби пред почетокот на новата сезона во Првата Македонска фудбалска лига.
„До почетокот на првенството ќе одиграме уште 2-3 контролни натпревари со поквалитетни противници додека генералката би требало да биде со Пелистер, секако во зависност од утрешниот ждреб за новата сезона“- заклучи Зоран Штерјовски.
Победа веќе се засили со неколку нови играчи во пресрет на новата сезона, а најзвучно име кое пристигна во Прилеп е искусниот Борче Маневски.