Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска во Нион беше одржана ждрепката за паровите во четвртфиналето на Лигата на шампиони. Бидејќи до оваа фаза стигнаа дури четири англиски тима, беше за очекување дека сезонава ќе гледаме барем едно англиско четвртфинале.
По ждрепката беше познато дека Манчестер сити и Тотнехем ќе играат во една од четвртфиналните средби. Тоа ќе биде двомеч на тимови кои многу добро се познаваат и се наоѓаат во врвот на табелата во Премиерлигата.
Меѓутоа, во претстојниот период Сити и Тотенехм ќе се запознаат уште подобро, зашто во 11 дена ќе играат дури три меѓусебни средби.
На деветти април се игра првиот меч во Лондон од чевртфиналето во Лигата на шампиони, додека реваншот е на „Итихад“ на 17 април, а три дена подоцна „граѓаните“ го пречекуваат Тотенхем во рамки на Премиерлигата.