Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски го доби можеби најчудниот црвен картон кој некогаш е виден на терените во Италија.
Нашиот репрезентативец со лизгачки старт стартуваше врз противничкиот фудбалер, старт кој едвај заслужуваше жолт картон, а главниот судија на наптреварот без многу мислење му покажа директен црвен картон.
На овој потег на судијата, иронично реагираше нашиот репрезентативец, а во негова одбрана, нормално дојде и капитенот на Палермо и втор македонски репрезентативец од овој тим, Илија Несторовски.
На крајот црвениот картон на Трајковски го чинеше Палермо два изгубени бода против Венеција затоа што натпреварот заврши без победник, 1:1.