„Што нудиш да го исфрлам Розберг?“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Возачот на Мекларен, Џенсон Батон се пошегува со својот сонародник Луис Хамилтон, на кој му понуди помош во неговата борба за титула со Нико Розберг.

    Пред последната трка во Ф1, Розберг има 12 бодови предност во однос на Хамилтон. Тоа значи дека на Германецот му е доволно да биде 3-то место доколку Хамилтон победи на трката, за да ја освои титулата.

    Батон се понуди да му помогне на Хамилтон. Запрашан што мисли, дали Розберг ќе ја освои титулата, тој одговори:

    „Секако, освен доколку некој не го исфрли од патеката.“

    Шампионот на светот од 2009 година, кој во недела ја вози својата последна трка во Ф1, имаше предлог за Хамилтон.

    „Луис е многу богат, има многу пари, патува низ светот во приватен авион и сигурен сум дека може да ми плати.Единствена можност би имал кога Нико би ме претркал за цел круг, бидејќи ние сме доволно брзи.“