Ѓокереш кажа што мисли за потенцијалниот трансфер во Премиер лигата


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Фудбалерите на Спортинг од Лисабон синоќа ја завршија фантастичната сезона. Го победија Бенфика со 3:1 по продолженија во финалето на Купот на Португалија и така ја освоија „двојната круна“.

Одличниот напаѓач на Спортинг Виктор Ѓокереш постигна гол во 11. минута од судиското продолжение и го одведе финалето во продолженија. Таму Спортинг блескаше и дојде до нов трофеј.

Финалето на Купот требаше да биде последниот натпревар на Ѓокереш во дресот на Спортинг.

Кога новинарите го прашаа за неговата иднина по натпреварот, шведскиот репрезентативец беше неодреден.

Ќе видиме. Тешко ми е да кажам, бидејќи тоа е фудбал. Никогаш не знаеш што може да се случи во текот на летото. Не можам да кажам ништо повеќе“.

На прашањето за потенцијалниот преод во Арсенал, додаде:

Не знам. Бев фокусиран на ова, се обидував да се насочам на овие натпревари. Беа толку важни што не сакав да мислам на ништо друго. Ќе видиме во текот на летото што ќе се случи“. 

Фото: Принтскрин