Ѓоковиќ го задржа третото место на АТП листата


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа третото место на денес објавената АТП листа.

Ѓоковиќ е трет во светот со 5.280 поени.

Прв е и понатаму Шпанецот Карлос Алкараз со 13.150 поени, пред второпласираниот Јаник Синер од Италија со 10.300 поени.

Што се однесува до промените кај играчите во првите 10 позиции на АТП листата, Австралиецот Алекс де Минор се искачи од осмо на шесто место, додека позицијата ја загубија по една позиција Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим и Американецот Тејлор Фриц. Оже-Алиасим падна од шесто на седмо место, а Фриц од седмо на осмо место.