Ѓоковиќ има нов тренер, голема промена пред почетокот на новата сезона


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ги започна подготовките за новата сезона во Атина, а со него на теренот по обичај беа Борис Бошњаковиќ и Далибор Сирола, но и ново лице кое не е толку познато на јавноста.

Станува збор за Марко Ковач, специјалист за спортска наука, кондициона подготовка и биомеханика. Тој со многу спортисти работеше на превенција од повреди и оптимизација на тренинзите.

Може да се каже дека ова е најважната ставка за Новак Ѓоковиќ во 2026 година, имајќи предвид возраста и склоноста кон повреди.

Да потсетиме, тој токму на претходниот Австралија опен беше принуден да го предаде мечот на Александар Зверев, иако беше во одлична форма и коло претходно го елиминираше Карлос Алкараз.

Новак Ѓоковиќ ја заврши годината на четвртото место по освојувањето на турнирот во Атина и на тој начин ќе има полесен пат до полуфиналето, односно нема да може да се најде во истиот дел од ждребот со Јаник Синер и Карлос Алкараз, силниот тандем на денешниот светски тенис.