Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја изрази својата јавна поддршка за аргентинскиот тенисер Федерико Агустино Гомез, кој неодамна призна дека се справува со сериозни психолошки проблеми и дека моментно дури размислувал да си го одземе животот.
Гомез, кој сега се наоѓа на 135-та позиција на АТП-листата, отворено зборуваше за борбите со своето ментално здравје на социјалните мрежи, со што привлече значително внимание и реакции од тениската јавност.
„Напред, пријателе. Секогаш има светло на крајот на тунелот“, напиша Ѓоковиќ.
.