Ѓоковиќ напредуваше на АТП-листата, иако го изгуби финалето на Австралија опен


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Годинешниот Австралија Опен заврши, а АТП ранг листите почнуваат да ги одразуваат сите случувања во Мелбурн во последниве две недели – со фактот дека Новак Ѓоковиќ се искачи за едно место!

Карлос Алкараз достигна врв на својата кариера со 13.650 бодови. Тоа не е изненадување кога се земе предвид дека е актуелен шампион на Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен, а исто така и вицешампион на Вимблдон. Неговата доминација на најголемите турнири е неспорна, што ја објаснува сè поголемата разлика меѓу него и Јаник Синер. Италијанец, кој ја бранеше титулата во Мелбурн, изгуби 1.200 бодови по поразот во полуфиналето, па Алкараз сега води со предност од 3.350 бодови.

Сепак, оваа разлика најверојатно ќе се намали во наредните месеци. Синер нема да мора да брани никакви бодови до доцната пролетна сезона поради допинг суспензијата од 2025, што му дава простор да го стигне Алкараз.

На третото место на ранг листата е Новак Ѓоковиќ, кој напредуваше за една позиција откако стигна до своето 38. финале на Гренд слем. Не мораше ни да победи за да го претекне Александар Зверев, кој изгуби бодови бидејќи не влезе во финалето на АО.