Ѓоковиќ: Нема да давам изјави додека не ми се извинат мене и на српскиот народ!


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ зборува пред медиумите по победата над Јиржи Лехечка во четвртото коло на Австралија Опен.

Започна така што модераторот најави дека Новак сака да се обрати кон новинарите пред почетокот на конференцијата.

„Би сакал да го објаснам причината зошто немаше интервју. Пред два дена познат спортски новинар, кој работи за официјалниот канал кој го пренесува Австралија Опен, направи навредливи коментари спрема мене и им се подбиваше на навивачите. Оттогаш реши да не се извини јавно, а тоа не го направи ни Канал 9. Одлучив затоа да не давам интервјуа за Канал 9. Немам ништо против Џим Куриер ниту против публиката. Не беше ниту време ниту место за тоа, оставам на Канал 9 да решат како мислат дека треба да се реши“, рече Ѓоковиќ.