Ѓоковиќ откри што му се случи против Мулер


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ откри што навистина се случи во првото коло на Вимблдон кога имаше здравствени проблеми и повика медицински тајм-аут.

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Вимблдон откако го победи Французинот Мулер со 3:1. Не беше лесно, Александар беше силен противник, а Србинов за време на третиот сет имаше здравствени проблеми и повика медицински тајм-аут бидејќи не се чувствуваше добро.

„Како што реков на теренот, од сјај до очај беше. Не во смисла на игра, туку на чувство на теренот. Не знам што се случи. Всушност, претпоставувам дека е нешто со храната, доста играчи имаа такви проблеми. Штом тоа се смири со стомакот, ми се врати енергијата и можев да се движам и играм како што играв сет и пол. Мислам дека играв феноменално, се чувствував одлично… Е, тогаш тоа се случи и сè се забави – и моето движење, и играта…”, започна Ѓоковиќ разговор со медиумите.

Фото: Grok AI