Ѓоковиќ по драматичниот пораз на Индијан Велс: Останав без гориво


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Мастерсот во Индијан Велс по исцрпувачката борба против Џек Драпер. Британецот славеше со 2:1 во сетови и така го застана српскиот ас во осминафиналето. Легендарниот тенисер призна по мечот дека еден спектакуларен поен на почетокот на одлучувачкиот сет му ги исцрпи последните атоми на сила и на крај можеби пресуди мечот.

Мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Џек Драпер понуди сè она што навивачите го сакаат во тенисот – драма, пресврти, врвни разменувања и неверојатна борба.

На крај, Британецот славеше со резултат 2:1 во сетови (4:6, 6:4, 7:6) по дури два и пол часа игра.

Тоа беше меч во кој секој поен имаше тежина, а ситници одлучуваа за победникот.

По последниот поен се виде колку поразот беше тежок за српскиот тенисер, кој веднаш по мечот отворено зборуваше за сè што се случуваше на теренот.

„Во моментот не можам да кажам дали турнирот беше добар за мене. Чувствувам горчина по поразот во ваков меч, тоа е очигледно.”

Еден момент особено го обележа мечот. На почетокот на третиот сет Ѓоковиќ освои спектакуларен поен по размена од дури 26 удари, што предизвика восхитување кај публиката.

Сепак, тој момент подоцна ја имаше својата цена: “Да, тој поен ме чинеше брејк после тоа. Беше извонредно да го освојам тој поен во тој гем, но потполно останав без гориво.”

И покрај уморот, Ѓоковиќ се обиде да пронајде дополнителна сила во завршницата на мечот.