Ѓоковиќ повторно тренираше во Мелбурн, но само 12 минути (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ, по вчерашната прва сесија во Мелбурн, одржа и втор тренинг, кој беше прилично краток.

На првиот тренинг вежбаше со Јиржиј Лехечка, а потоа во пет часот попладне се врати за втората сесија.

Поголемиот дел од овој краток тренинг одеше со масажа на вратот од неговиот тренер Милијан Амановиќ, што не е нешто невообичаено.

Сепак, Новак повеќе време го помина во разговор со тимот и потоа многу брзо облече дуксер и го напушти теренот.

Австралија опен започнува во недела, 18 јануари. На првиот гренд слем во сезоната, Новак го подигнал трофејот 10 пати.