Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за една позиција и на денес објавената ATP листа се наоѓа на четвртото место со 4.830 поени.
Ѓоковиќ во саботата со победа над Лоренцо Музети во финалето на турнирот во Атина ја освои својата 101. титула во кариерата, по што објави дека сепак нема да учествува на овогодинешниот завршен ATP турнир во Торино.
Српскиот тенисер ќе го замени Музети во Торино, кој по поразот во финалето на турнирот во Атина остана на деветтото место на ATP листата, со пет поени помалку од Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој го зазема осмото место, најниската позиција која обезбедува учество на завршниот турнир.
Првото место повторно го презеде Шпанецот Карлос Алкараз, откако Синер изгуби 1.500 поени кои ги заработи со освојувањето на титулата на завршниот турнир минатата година.
















